“МАЖОТ МИ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ ГЛЕДАМ СО ДРУГИ МАЖИ!“ – Оваа девојка тврди дека е најсреќната жена во светот: “Мојот сопруг е многу…“

Александра Ле Тисиер (31 г.) од Велика Британија тврди дека е најсреќната сопруга на светот поради слободата што и ја дава сопругот. Имено, нејзиниот сопруг и дозволува да има и користи апликации за запознавање кои денес се сè попопуларни.

Инаку, Александра Ле Тисиер е во брак со сопругот Миха (31 г.) повеќе од 10 години, но како што се случува во одредени бракови, нивниот живот станал монотон. Токму затоа Александра Ле Тисиер решила да внесе малку искра во него и да почне да флертува со други мажи, со што се согласил и нејзиниот сопруг. Уште повеќе, тој и помага да ги избере мажите со кои ќе излезе.

Мојот сопруг е многу слободоумен. Не ме осудува на ниту еден начин и тоа совршено му одговара. Единственото правило што го имаме е дека овие врски можат да бидат само забавни за мене и ништо повеќе. Интересното е што тој е воопшто не е заинтересиран да го прави истото, што ми е навистина смешно“, изјавила Александра Ле Тисиер.

Александра Ле Тисиер

Александра Ле Тисиер вели дека има строги критериуми за потенцијалните мажи и ги избира врз основа на физичките атрибути како косата. Исто така, ниту еден друг маж не влегува во игра без одобрение на сопругот.

Му дозволив на мојот сопруг да ги прелистува профилите. Тој многу добро го познава мојот тип, сакам силни момци“, рекла таа.

А што се однесува до нивната врска во иднина, Александра Ле Тисиер верува дека отсега ќе биде многу позабавна и додава дека одлуката да користи апликации за запознавање уште повеќе ја зближила со сопругот.