„Европски фронт“ импровизира седница, Али Ахмети го најави Зиадин Села за претседател на Собранието

Европскиот фронт на импровизирана седница на Собранието го избра Зиадин Села за претседател на Собранието.

Импровизираната седница ја водеше првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

„Напоменувам дека со 120 „за“ за претседател на Собранието е избран пратеникот Зиадин Села. Дозволете ми во ваше и во мое име да му го честитам изборот на пратеникот Зиадин Села за претседател на Собранието на РМВ и да му посакам успех во работата“, рече Ахмети, по што и Села даде импровизирана „заклетва“.

По изборот на Села за претседател на Собранието, и „Европски фронт“ го импровизира изборот на Бујар Османи за претседател, со што и тој положи заклетва.