Европското обвинителство во 2022 година отворило 143 истраги во Бугарија за измами во износ од речиси половина милијарда евра

Европското обвинителство денеска го презентираше извештајот за своите активности во 2022 година, во кој е соопштено дека во Бугарија се водат 143 истраги за сомневање за измама со буџетот на ЕУ во вкупна вредност од 492,6 милиони евра.

Минатата година инспекциите почнале 101 истрага, за непокриени трошоци од 176,3 милиони евра. Ревизиите за измами со ДДВ се за штета од 2,6 милиона евра.

На барање на Обвинителството на ЕУ изречена е заплена на имот од 6,5 милиони евра. Поднесено е едно обвинение, 11 предмети се затворени без казни, 25 се изведени на суд, 19 предмети се споени.

Проверките се водат по 204 добиени сознанија од бугарските власти, 36 се врз основа на податоци од приватни лица, а девет пријави се добиени од институциите на ЕУ. Еден од предметите е во фаза на одлучување, еден е со првостепена пресуда, едно судско решение е обжалено, еден е во второстепена, а едно решение е правосилно, покажуваат податоците на Обвинителството на ЕУ.

Најчесто се истражуваат измами со уплатени средства во предмети неповрзани со јавните набавки (94 случаи), потоа следат јавните набавки (45), 16 случаи се за наводна корупција, а 11 за злоупотреби. Најчесто се разгледуваа случаи поврзани со земјоделството (42), регионалниот развој (25) и други програми на ЕУ (22), се наведува во извештајот на Европското обвинителство.