ЕВE КАКО ИЗГЛЕДАЛА АНАСТАСИЈА ПРЕД ЕСТЕТСКИ КОРЕКЦИИ: Како да не е истата девојка, зашилена брада, тенки усни и сосема поинаков нос
Наследничката на Цеца Ражнатовиќ , Анастасија , никогаш не негираше дека својот изглед го довел до совршенство со помош на професионалци.
Таа дури и речиси се пофали дека за време на престојот во Белград, кога го прославувала празникот Свети Никола во семејниот дом, отишла да ги корегира веѓите и усните, а во минатото зборувала за сите зафати на кои се подложила.
Сега нејзината мајка објави слика од минатото каде позира со Тас и Вељко, а трансформацијата низ која помина Анастасија е навистина евидентна.
Изгледот на Анастасија Ражнатовиќ дефинитивно веќе не е ист – носот и бил поголем, а устата малку помала, но ќерката на Цеца никогаш не криела дека направила операција на носот и на усните.
Вака изгледала таа порано.
– Не бев задоволна од носот и го оперирав носот, само еднаш. Всушност, го оперирав само носот. Ја имав оваа несигурност околу носот и ја исправив. Нема да зборувам сега дека имав отстапување па морав, не го направив поради тоа, океј, и јас имав отстапување, но… само сакав и го направив, и тоа е тоа – објасни тогаш Таса.