Страшно злосторство ја потресе Србија: „Го претепал татко си (76) со секира затоа што сакал да му ја префрли куќата на 40 години помлад дечко!

Сцената била ужасна. Крв имало насекаде, а тој само стоел и немо го гледал телото на татко си на земја, пишуваат српските медиуми.

Грегор Н. (36) од Темерин, Србија, е уапсен под сомнение дека со секира го убил својот татко М.Н. (76) во нивниот двор на католички Божиќ. Мештаните тврдат дека Грегор го убил бидејќи татко му сакал да ја префрли нивната куќа на своето 40 години помладо момче, пишува Блиц.

Страшното злосторство се случило во вторникот наутро во дворот на семејната куќа на улицата „Радноти Миклоша“ во Темерин, на католички Божиќ, кој наводно семејството го прославил.

Според неофицијални информации, на убиството му претходела расправија меѓу татко и син.

– Грегор често се расправаше со својот татко. Така беше и во вторникот. Тој бил агресивен и му викал на М.Н., а тој се обидувал да го смири. Тогаш наеднаш му падна мрак на очите и посегна по секира и неколку пати го удри татко си во дворот.

Сцената беше ужасна. Крв пролеа насекаде, а тој само стоеше и немо го гледаше телото на татко му на земја. Соседите го слушнале лелекот и повикале брза помош – опишува за Ало.

Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт на несреќниот старец.

На лице место е уапсен Грегор Н., кој е обвинет за кривично дело тешко убиство, за кое е предвидена казна од минимум 10 години, а најмногу доживотен затвор.

Телото е однесено на обдукција која ќе утврди како дошло до смртоносните повреди. Мештаните тврдат дека починатиот М.Н. имал геј врска со младо момче од Темерин.

– Конфликтот настанал меѓу Грегор и неговиот татко кога синот дознал дека татко му планира да му ја префрли куќата на 40 години помладото момче. И тој млад човек е од Темерин и нема ни 30 години. Цел Темерин зборува за тоа, а тоа веќе не е тајна – вели еден од мештаните и додава страшни детали:

– Неодамна се крена врева во градот, кога се прошири видео на кое се гледа тој млад човек и наводно М.Н.. Кога се прошири видеото, тој млад човек мораше да бега од Темерин извесно време бидејќи се срамеше. Цел Темерин брмчеше околу тоа – тврди еден од мештаните.

Но, мештаните од ова место во Војводина каде се случи масакрот велат дека осомничениот Грегор е познат како проблематично лице.

-Татко и син долго време имаат тешка врска, иако таткото со години се обидуваше да му помогне, но не успеа. М.Н. нормално беше добар и чесен човек, многу витален за неговата возраст. Одгледа четири деца – рече соседот.

МУП се огласи и ги потврди наводите за убиството. Оттаму додаваат дека на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Еден од познаниците за белградските медиуми изјавил дека покојниот М.Н., пред повеќе од 20 години, преживеал страшен напад само од чиста среќа. Имено, тој работел како чувар во кабината на нафтената рафинерија во Нови Сад за време на НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

– Во првото бомбардирање на рафинеријата, која тогаш беше целосно уништена, тој беше во стражарската куќа и од силината на детонациите тој и целата куќа летаа во воздух во висина од најмалку пет метри. За среќа се спасил само со полесни повреди – изјавил за медиумите локален жител, додавајќи дека тој ги преживеал бомбите, но не и неговиот син, пишува Блиц.