ЕГИПЕТ Е НОВ УЧЕСНИК ВО ВОЈНАТА!? Каиро испорача беспилотни летала, се заканува ескалација на конфликти во регионални размери

Египет испорача беспилотни летала на суданската армија, што претставува потенцијална ескалација на конфликтот што би можело да вклучи повеќе регионални држави.

Ова денеска го објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на безбедносни претставници.

Турските беспилотни летала Bayraktar TB2 беа испорачани на суданската армија минатиот месец, пишува весникот, пренесе Ројтерс.

Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се судрија околу власта од 15 април.

Во судирите загинаа стотици луѓе.

Портпаролите на египетското Министерство за надворешни работи и суданската армија не сакаа да го коментираат извештајот на ,,Вол Стрит Журнал”.