– Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри изјави дека хуманитарната помош чека на граничниот премин „Рафах“, но дека Израел не дозволил премин на страната на Газа.
Шукри се сретна со француската министерка за надворешни работи Катрин Колона во главниот град Каиро, а по средбата беше одржана прес-конференција.
Наведувајќи дека неговата земја отфрла секаков обид за отстранување на палестинското прашање, Шукри рече: „Продолжуваат напорите на Египет да ја контролира тензијата во Појасот Газа.“
Тој додаде дека продолжуваат напорите за доставување помош во Појасот Газа и дека помошта е подготвена да биде доставена во регионот.
Тој рече дека хуманитарната помош чека на египетската граница „Рафах“, но дека Израел не дозволил премин на страната на Газа.
Француската министерка Колона изјави и дека ситуацијата во Газа достигнала опасни нивоа и почнала да ја загрозува безбедноста на целиот регион.
Наведувајќи дека нејзината земја доделила 10 милиони евра за организациите за хуманитарна помош во Газа, Колона додаде: „Израелската опсада на Појасот Газа е кршење на меѓународното право. Цивилите во Газа мора да бидат заштитени и да се задоволат нивните основни потреби.“