Еден полски војник загина, а друг е тешко повреден кога борбено возило со трага ги прегази на воен полигон во северозападна Полска, соопштија официјални лица.
-Несреќата се случила во центарот за обука на копнените сили во Дравското Море, изјави мајорот Томаш Зигмунт од воената полиција.
Тој изјави дека повредениот војник е префрлен во болница во критична состојба.
Официјални лица рекоа дека несреќата не е поврзана со вежбите на НАТО што се одржуваат во Полска.