Еден град во поранешната држава Тито го мразеше од дното на душата, секогаш се обидуваше да го избегне
На 4 мај пред 44 години почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФРЈ. На тој ден во СФРЈ владееше молк, плачеа милиони граѓани, пишува Слободна Далмација.
За Тито се документирани многу приказни, а една од најинтересните е токму оваа поврзана со овој град во некогашната заедничка држава.
Имено, за време на неговото 35-годишно владеење, Тито на своите патувања се обидуваше да одмине само еден град во поранешна СФРЈ. А токму тоа е од еден од првите мегахитови на Лепа Брена – Чачак.
Седум пати беше во него, но секогаш во минување. Секогаш тоа беше попатно, на пат кон Ужице. Историчарите сметаат дека причината е дека Јосип Броз Тито до крајот на својот живот го сметал овој град близок со четничкото Равногорско движење.
Во неговите очи, Чачаните секогаш биле, според историчарите, четници. Веројатно поради близината на Равна Гора и песната „На планини, на Јелица“. Од друга страна, според извештаите на полицијата на Кралството Југославија од 1940 година, Чачак бил оценет како озлогласено „комунистичко жариште“.
Тито, пак, имал поинаква перцепција за ова место, а постарите жители на Чачак и денес велат дека секој пат пред доаѓањето на претседателот на СФРЈ во период од седум дена биле притворени сите лица кои биле третирани како противници на режимот и тоа како превентивна мерка.
Историчарите наведуваат дека доживотниот претседател на СФРЈ никако не можел да го смени мислењето за Чачак, иако на улиците би бил пречекан со расположени луѓе кои нетрпеливо го очекувале неговото доаѓање, кое никогаш не било планирано. Тито никогаш немал желба да остане во овој град, пишува Мондо.
Етикетата на бунтовнички град и место што треба да се избегнува ја запечати ситуацијата кога снема струја при втората посета на Тито на Чачак, токму за време на неговиот говор!