ЕДЕН МЕСЕЦ ПО РАЃАЊЕТО НА ЌЕРКАТА – Девојката на Нејмар му раскина откако дознала за 92-то неверство

Според бразилските медиуми, познатиот фудбалер Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди раскинале, само еден месец откако го прославија раѓањето на нивната ќерка Мавија.

Двојката имаше јавни подеми и падови, но се чинеше дека ќе ги надминат проблемите што ги следеа. Сепак, бразилскиот весник Correio Brasiliense ја објави шокантната вест за нивното раскинување, тврдејќи дека Бразилецот изневерил дури 92 пати.

„По 92 предавство, дојде крајот на врската помеѓу Нејмар и Бруна Бјанкарди. Двајцата веќе подготвуваат официјално соопштение, но одржуваат пријателски односи за доброто на нивната ќерка Мавија“, тврди Кореио Бразилиенсе.

Овој пат, Нејмар наводно ја изневерил својата партнерка додека бил на забава во саботата на 28 и неделата на 29 октомври во неговата вила во Мангаратиба во близина на Рио де Жанеиро, а Бруна сепак решила конечно да се раздели.

Бјанкарди ги избриша сите фотографии од својот вереник на својот Инстаграм профил и напиша:

“Не очекувајте човек да се промени ако не го гледа проблемот во тоа што го правил“, напишала Бруна.

Бјанкарди има 29 години и е родена во Сао Паоло. Студирала маркетинг. Работела како модел, а потоа се посветила на кариерата на инфлуенсер. Нејзиното богатство се проценува на речиси два милиони долари. Таа го запознала Нејмар во 2020 година и набрзо започнале врска, а од почетокот криеле дека се заедно.

Фудбалерот на Ал Хилал веќе го има 12-годишниот син Дави Лука со Каролина Дантас, а моментално се опоравува од тешката повреда на коленото.