Еден од најдобрите светски фудбалери направи нереален договор со својата девојка! Еве под кои услови овој Бразилец може да биде со други жени!

Еден од најдобрите светски фудбалери има дозвола од својата избраничка Бруна Бјанкарди (29) да и биде неверен.

Нејмар (31) кон средината на април потврди дека неговата девојка е бремена и ќе роди син, но сега во јавноста се појавија шокантните детали од нивната врска, односно договорот за изневерување.

Имено, одличниот напаѓач бил фатен во преписка со својата сакана во пресрет на Денот на вљубените, но Бруна и покрај тоа не му раскинала. Напротив, судејќи по социјалните мрежи и фотографиите кои ги објавуваат, нивната врска е се поцврста. Неодамна тие беа видени на одмор во Мајами каде во живо ги следеа натпреварите од финалната серија на НБА лигата против Денвер.

 

Бразилскиот „Em off“ сега објави ексклузивни информации за пактот помеѓу ѕвездата на Пари Сен Жермен и познатата фото модел и инфлуенсерка.

“Бруна им ја открила на своите блиски пријатели тајната на врската со Нејмар и зошто решила да не раскинува со него, иако дознала дека и е неверен. Имено, тие двајца се договориле и има три јасни правила кои фудбалерот мора да ги почитува.Тоа значи дека мора да биде дискретен кога е со други девојки, односно да не се појавува со нив во јавност, да користи заштита при сексуални односи и да не бакнува други жени во уста “, пишува „Em off“ .

Истиот портал дојде и до информации зошто атрактивната бринета решила да остане со бразилскиот репрезентативец. Да потсетиме, поранешниот ас на Барселона веќе го има синот Дави Лука (11) од врската со поранешната партнерка Каролина Дантас, а наскоро ќе стане татко на уште едно момче.

“Пријателите на Брунa Бјанкарди ја притискаа да раскине со Нејмар, за да избегне хаос, медиуми и шпекулации за нивната врска. Таа моментално е бремена во четвртиот месец и и треба мир. Сепак, таа одлучи да продолжи за доброто на “поголемото добро” , а тоа секако е детето кое треба да се роди на крајот на оваа година“, наведува „Ем оф“.

Дека има многу вистина во оваа приказна потврдува и објавата на искусниот офанзивец на неговиот официјален Инстаграм профил.

“Бру, ова го правам за вас двајца, за нашето семејство. Не можете да оправдате нешто за кое нема оправдување. Ми требате во мојот живот. Видов колку беше изложена на притисок, разни приказни, колку многу патеше и најважно колку сакаш да бидеш покрај мене. А и јас покрај тебе.Згрешив,се осмелувам да признаам. Те повредив,грешев за тебе. Немам проблем да го кажам тоа. Грешам секој ден, но дома се занимавам со личниот живот. Веќе ви се извинив за се, но чувствувам потреба да го правам тоа и на овој начин.Кога во јавноста ќе излезат детали од мојот приватен живот, тогаш и извинувањето мора да биде така.Не знам што ни носи иднината, но знам дека не можам да ја замислам без тебе.Ти си жената која ја сакам до мене, како мајка на моите деца. “ напиша Нејмар.