Поранешниот репрезентативец почина додека седел на тераса: Доживеа срцев удар на 46 години

Брзата помош не успеала да реанимира и да го спаси

Трагична вест доаѓа од Белгија. Поранешниот репрезентативец на таа земја, Седрик Русел, почина на 46-годишна возраст од срцев удар во саботата попладне .

Локалните медиуми јавуваат дека поранешниот играч на Ковентри починал на својата тераса, во родниот Монс. Брзата помош не успеала да го реанимира и да го спаси.

Русел имаше долга играчка кариера во која играше во Стандард, беше член и на Гент, Ковентри, Вулверхемптон, Генк, Рубин од Казан, Брустер и многу други белгиски клубови.

Ковентри Сити е со длабока тага кога слушна за смртта на нашиот поранешен напаѓач на само 45-годишна возраст. Седрик одигра 43 натпревари за небесносините од 1999 до 2001 година и постигна 11 гола. Нашето сочувство до неговото семејство и пријателите во овој многу тажен момент – се вели на официјалниот Твитер профил на Ковентри.

Русел забележа и 3 настапи за белгиската репрезентација.