Ентони Блинкен: “Владимир Путин беше на прагот на Киев, а сега мораше да ја брани Москва!“

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави дека бунтот на приватната платеничка група Вагнер и нејзиниот предводник Евгениј Пригожин е директен предизвик за авторитетот на Владимир Путин.

Ако го ставите ова во контекст, пред 16 месеци Владимир Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го заземе градот за неколку дена, да ја избрише земјата од мапата. Сега тој мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платениците кои самиот тој ги создаде“, изјави Ентони Блинкен за ток-шоуто на CBS News – „Face the Nation“.

Тој додаде дека одлуката на Владимир Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.

Значи, тој (бунтот) покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини“, смета Ентони Блинкен.

Американскиот секретар оцени дека е рано да се каже каква е иднината за платениците кои се побунија вчера.