Еден од најмоќните олигарси на Путин е уапсен во Франција

Француската полиција го уапси рускиот тајкун Алексеј Кузмичев, еден од најбогатите руски олигарси и коосновач на финансискиот конгломерат Алфа Груп, пишува Гардијан. Тие претресоа два негови имоти како дел од истрагата за затајување данок, перење пари и прекршување на санкциите.

Француското финансиско обвинителство соопшти дека претресите биле извршени вчера во куќата на Кузмичев во Париз и имот во медитеранската област Вар. Кузмичев е во притвор, но пријава се уште не е поднесена. Неговиот адвокат Филип Бланшетие одби да го коментира случајот.