Го споредуваа со светска ѕвезда
Најголемата југословенска поп ѕвезда, Здравко Чолиќ, важи за еден од најбогатите пејачи на Балканот, според американскиот сајт „CelebrityNetWorth“, кој известува за имотот и богатството на познатите личности.
Неговото богатство се проценува на дури 20 милиони долари, како што наведува споменатата страница.
Чола дури беше споредуван со легендарниот Том Џонс.
– Чола е Србинот Том Џонс. Има издадено 15 албуми и има статус на еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот Маракана, Ушче, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со шест концерти по ред во белградската Арена, каде го слушаа 110.000 луѓе – пишува „CelebrityNetWorth“.
Да потсетиме, Здравко Чолиќ е пејач од Босна и Херцеговина, еден од омилените во целиот регион.
Од 1989 година живее во Белград, каде е и денес.