Деменцијата е една од водечките причини за смрт во светот, така што нејзиното откривање во рана фаза може да им помогне на луѓето и нивните семејства подобро да ја разберат дијагнозата и соодветно да планираат за иднината.
Затоа, не е лошо да се знаат помалку познатите знаци кои можат да укажуваат на оваа болест. Имено, научниците откриле дека еден таков симптом можете да забележите додека се туширате.
Еден од најчудните знаци на деменција е губењето на сетилото за мирис. Значи, ако не можете да го мирисате вашиот шампон, гел за туширање или сапун додека сте под туш, тоа може да биде знак дека сте во раните фази на деменција.
Губењето на меморијата не е нужно знак за деменција, но способноста за препознавање мириси се карактеризира како еден од првите знаци.
Оваа студија ја објави Универзитетот во Чикаго, а истражувањето се заснова на студија во која учествувале 515 луѓе. Професорот Дејвид Страјн, предавач на Универзитетот во Ексетер, рече дека деменцијата само значи дека мозокот не работи како порано.
Покрај губењето на меморијата и чувството за мирис, постојат и други симптоми кои укажуваат на оваа состојба, а тоа се: промени во расположението, отежнато извршување на секојдневните задачи, отежнато концентрирање, отежнато зборување и конфузија во времето и просторот. Бидејќи постојат различни видови на деменција, некои од овие симптоми може да не бидат веднаш забележливи.