Единаесет лица се водат како исчезнати во пожар во Франција

Единаесет возрасни лица се водат како исчезнати по пожарот во дом за згрижување проблематични млади луѓе во источна Франција.

Локалната противпожарна служба соопшти дека 17 лица се евакуирани откако се утрово објектот бил зафатен од пожар.

Во соопштението на локалната власт се наведува дека пожарот е ставен под контрола, но се додава дека 11 лица се водат како исчезнати.