Единица на турската војска на пат кон Косово на барање на НАТО (фото)

– Министерството за одбрана на Турција денес извести дека по случувањата во Косово, на барање на Командата на здружените сили на НАТО, распореден е баталјон на турски специјалци кои се на пат кон касарната „Султан Мурат“ во Косово.

Турција на овој начин продолжува да придонесува за регионалниот и глобалниот мир и стабилност во рамките на својата мисија на ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ и за билатералните односи.

Колона од камиони со возила тргна на пат кон Косово и го премина Граничниот премин „Капикуле“ во Едрене.

По настаните во Косово, баталјон специјалци приклучен ѝ е на командата на 65. Механизирана пешадиска бригада, која претходно им беше доделена на силите на НАТО во Косово. Овој баталјон специјалци доделен е како резервна единица, на барање на командните сили на НАТО / Неапол (Италија).

„Започнаа неопходните подготовки за префрлање на нашата единица во касарната „Султан Мурат“ во Косово до 4-5 јуни 2023 година“, информираше претходно турското Министерство за одбрана.