Брнабиќ ги зема работите во свои раце – свика седница на Влада! Дали Вучиќ е поканет?

Премиерката Ана Брнабиќ го покани претседателот Александар Вучиќ во четврток во 18 часот да присуствува на седницата на Владата на која ќе се донесат многу важни, стратешки одлуки кои ќе ја одредат иднината на државата.

Шефот на Владата во среда навечер ќе се сретне со Вучиќ и потоа ќе се разговара за прашањата за кои ќе се разговара на владината седница.

Дали неделава ќе се донесе одлука за распишување нови избори, реконструкција на Влада или смена на одредени министри ќе дознаеме во четврток.

Се очекуваат важни одлуки за Србија.