ЕДИНСТВЕНИОТ СОРАБОТНИК НА ОКУПАТОРОТ КОЈ ТИТО ГО ПОШТЕДИ: Избегнал две смртни казни, а за една реченица сурово бил осуден
Како само една реченица ја сврте истрагата и го стави товарот на овој војник.
Личниот аѓутант на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ, бригадниот генерал Панта Драшкиќ е личност за која малку се знае во српската и екс Ју историјата, бидејќи сите режими се обидувале да ги остават неговите активности обвиткани во тајност.
Пред и за време на првата половина на Првата светска војна, Драшкиќ служел како личен аѓутант на тогашниот регент Александар, а наместо смртна казна за членство во случајот со Црна рака, тој, како миленик на престолонаследникот, бил само разрешен од функцијата.
Кога Александар решил да се справи со Апис, и неговите другари, од организацијата Црна Рака, открил дека во таа организација бил и самиот Драшкиќ, што го разбеснило идниот крал, но поради неверојатните лични заслуги Панта бил поштеден од најстрогата казна.
Потоа ја продолжил својата воена кариера се до 1936 година, кога се пензионирал од воените обврски, но во текот на Втората светска војна повторно облекол четничка униформа поради што подоцна имал проблеми.
Како човек со цврст карактер, тој успеа да стане единствениот член на кралската влада во Лондон, кој беше поштеден од смрт од новите власти во Белград, на чело со Јосип Броз Тито. Исто така, тој е единствениот министер од истата влада кој им помагал на Евреите, често изложени на голем ризик.
Пред новоформираниот суд, по формирањето на ФНРЈ, тој бил осуден за велепредавство и соработка со непријателот, но на изненадување на сите бил осуден само на 18 месеци затвор, но во оној момент Драшкиќ рекол дека му било чест што кралот Александар носел парче од неговиот череп во медалјонот кој секогаш го имал кај себе, Панта веднаш бил осуден повторно и добил двојно поголема казна.