Албанскиот премиер Еди Рама најави дека вооружените сили на таа земја наскоро ќе добијат нова флота беспилотни летала „Бајрактар“, кои, како што вели, се резултат на најсовремена технологија и се користат за воени, полициски и цивилни мисии.
Еди Рама на Фејсбук, заедно со видео, посочи дека новите дронови ќе придонесат за зачувување на националната безбедност, како и безбедноста на НАТО Алијансата.
– Комплетирањето на Албанија со флота од овие беспилотни летала е од особено значење за нашата национална безбедност и безбедноста на Алијансата, како усогласеност со обврските што произлегуваат од Стратегијата за национална безбедност, воената стратегија и целите на капацитетите на НАТО. Посветени сме на користење на најнапредната технологија во одбраната на нашата територија – рече Рама.