Една женска особина најмногу ги плаши мажите, можете ли да погодите која е?

Не е тајна дека многу мажи не знаат како да се справат со одредени женски особини, а интелигенцијата е „најлошата“ од сите…

Колку пати во животот сте ја слушнале изјавата дека мажите се плашат од паметни жени? Истражувањето на Економскиот универзитет во Варшава под водство на Адам Карбовски го потврди овој стереотип.

Карбовски и неговиот тим анализирале експеримент во кој 500 испитаници од Универзитетот Колумбија учествувале во таканареченото „брзинско запознавање“. По секој состанок, учесниците требаше да го оценат физичкиот изглед и интелигенцијата на личноста со која разговарале и на крајот да напишат дали повторно ќе одат на состанок.

Преку анализата на експериментот, беше утврдено дека машките субјекти повеќе би сакале да одат на втор состанок со жена која е физички привлечна за нив, отколку со жена која ја оцениле како многу интелигентна.

Од друга страна, испитаничките подеднакво го ценат изгледот и интелигенцијата, но би оделе на состанок со маж што го сметаат за интелигентен, но не го оценувале високо во однос на изгледот .

На прашањето зошто мажите всушност се плашат од паметни жени, експертите нудат едноставен одговор – поради споредување на сопствената интелигенција со женската затоа што тогаш се чувствуваат несигурни:

„Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, а тоа е резултат на моментална промена во нивната перцепција за себе. Тие се чувствуваат помалку мажествено кога жената ќе ги надмудри“.