Една од најубавите одбојкарки си го одзеде животот на 21 година поради љубов

Руската репрезентативка во одбојка на плажа, Арина Михаилина (21), си го одзеде животот, јавуваат руските медиуми.

Медиумите јавуваат дека Арина на 21 април паднала од 16-ти кат во студентскиот дом на Московскиот енергетски институт „Синичка“.

Нејзиниот тренер Наталија Урјадова потврди дека Арина се самоубила поради раскинување со нејзиното момче.

„Се испостави дека раскинале во ист ден, на денот на трагедијата. Разговарале, раскинале поради некоја причина и судејќи по она што го прочитала или слушнала на телефон, сметала дека е потребно да повика брза помош. “, рекла Урјадова.

За време на нејзината преписка со Арина, на нејзиното момче му се чинело дека таа се збогува со него. Тој повикал брза помош, а потоа отишол во студентскиот дом. Докторите кои пристигнале на повик ја прегледале Михајлина, но не наоѓајќи причина за загриженост си заминале. После тоа девојката се качила на 16-ти кат и скокнала.

Таа за чудо го преживеала падот, но починала веднаш откако била примена во болница.