Една од сестрите Хадид основа палестинска филмска компанија

– Модната дизајнерка Алана Хадид, сестра на палестинско-американските манекенки Бела и Џиџи Хадид, отвори компанија за производство и дистрибуција на филмови наречена „Ватрмелон Пикчрс“ (Watermelon Pictures).

Категоризирана како „независна палестинска компанија за дистрибуција на филмови, производство и финансирање“, таа се стреми да промовира културна застапеност, да се залага за општествени каузи и да го подигне гласот на филмските продуценти што често се занемаруваат на глобално ниво.

„Предолго бевме погрешно претставени, злоупотребувани, затворени. Вака нè прикажа Холивуд. Приказните што ги раскажуваа за нас ги поттикнаа нашето отуѓување и нашето угнетување. Но тоа не сме ние. Ние сме нашата култура, нашата историја, нашата отпорност, нашите заедници. Ние сме наши приказни што се вклучуваат во вековната традиција на раскажување приказни и заслужуваат да бидат видени од светот. Затоа лансираме филмска етикета во палестинска сопственост, вкоренета во креативниот отпор“, соопшти компанијата на Инстаграм.

„Ветува дека ќе се погрижи отсега Палестина да биде видена, од реката до екранот“, се додава.

Дебитантскиот филм на „Ватрмелон Пикчрс“ ќе биде „Волд Оф“ („Walled Off“), документарен филм за хотелот „Волд Оф“ во Витлеем, кој е управуван од Палестинци и дизајниран од познатиот британски уличен уметник Бенкси.

За документарецот, кој е продуциран заеднички, продонесе и Анвар Хадид, брат на Алана Хадид, познат по неговите различни улоги како модел и во областа на американско-палестинската музика, заедно со Роџер Вотерс од Пинк Флојд и Квеку Мандела, внук на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.

Мухамед Хадид, таткото на Џиџи и Бела, е роден во Назарет, Израел но побегнал во Сирија и се преселил во САД кога бил тинејџер.

Сестрите Хадид јавно ја изразија својата поддршка за Палестина, соочени со критики од нивните обожаватели, а неколку бренда ја прекинаа соработката со нив поради нивниот пропалестински став.