Една фотографија од пазар во Црна Гора го насмеа целиот регион – Мрежите полудеа: „Колку патувала, има ли гаранција“ (ФОТО)

Една фотографија од пазар во Црна Гора го насмеа целиот регион. Имено, од најразлични предмети кои биле на продажба, се појавила протеза на едната нога.

„Од игла до локомотива за ситни пари“, напишале од подгоричкиот времеплов со објава која предизвика бројни коментари.

„Колку има поминато?“, „Има ли таа нога гаранција?“, „Има ли и десна или ќе треба да скокам низ градот?“, „Има ли протези за заби?“, „Дали се продаваат колкови?“, „Дали е од Германија? и „Се има, само иглата фали“, се дел од коментарите.