Едноставен а скап! Јелена Ѓоковиќ дала милиони за овие 3 работи, а часовникот има дури 32 дијаманти! (ФОТО)
Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, привлекува големо внимание кај јавноста каде и да се појави, па сите погледи се вперени во неа на неговите натпревари.
Јелена често ги остава сите без коментар со својот елегантен стајлинг, а за нејзините парчиња облека долго се зборува и пишува.
Деновиве светските медиуми пишуваат за комбинациите на облека на партнерката на Ноле на Вимблдон, а според согледувањата на многу луѓе, Јелена многу повеќе се посветила на својот изглед.
Овојпат таа избра светли бои, што до сега не беше случај.
Ѓоковиќ никогаш немала многу шминка на лицето и се залага за природен изглед, па често се појавува со светла, дискретна шминка. Иако нејзиниот стил еволуираше со текот на годините, има некои работи од кои никогаш не се откажува. Фармерките, лесните кошули и патиките се сфатени како секојдневен избор на Јелена, а има уште еден моден екстрем – поексклузивен.
Сепак, јасно е дека троши по неколку илјади евра на гардероба и аксесоари. Едно од најскапите парчиња што ги поседува, а го привлече вниманието на јавноста е часовникот „Audemars Piguet Royal Oak Offshore“, чија цена е неверојатни 47.000 евра. Овој женски модел од серијата Offshore има бел гумен ремен и бели детали како што се хроно-туркачи, круна, рамка комплет со 32 дијаманти.
Но, она што најмногу привлекува внимание е накитот на нејзините уши, а изгледа дека Јелена троши најмногу пари на него. Една од најскапите работи што ги носеше беа обетките од престижниот бренд „Van Cleef & Arpels“. Цената на овој модел од колекцијата „Алхамбра“ оди и до неколку илјади долари.
На модните познавачи не им недостасуваше фактот дека иако на прв поглед изгледаат како сосема едноставни и намалени модни комбинации, тие всушност чинат вистинско богатство.
Само чантата „Диор“ чини 6.500 евра, а ако ја собереме вредноста на сите нејзини комбинации за само неколку дена, веројатно тоа изнесува неколку стотици евра.
Малку „подостапни“ биле панталоните „Валентино“ од 1.600 евра, додека белиот кардиган, кој многу дами сакале да го имаат, е дело на српски дизајнер и за него потрошила „само“ 1.050 евра.