Убавото време и пријатните температури ги „натераа“ луѓето да ги заменат чизмите со полесни обувки. Доколку имате бели патики кои го изгубиле својот сјај и не изгледаат како порано, треба да го испробате овој едноставен трик.Експертот за чистење и организација на домот Анита Биргес го сподели најлесниот начин за чистење на бели патики, а каде нема ни да ви требаат многу состојки.
Таа ја сподели својата фрустрација со тврдоглавите дамки од абење и трагите од гребење на белите патики. Сепак, таа неодамна откри дека со помош на детергент за садови, водород пероксид и сода бикарбона.
Сè што треба да направите е да измешате четвртина шолја детергент за садови, четвртина шолја сода бикарбона и половина чаша водород пероксид. Откако ќе ја добиете пастата, земете стара четка за заби за да ги исчистите вашите патики.
Исто така, важно е да ги отстраните врвките пред да започнете со чистење. Слободно користете поголеми количини од оваа паста, но оставете помала количина за врвките. Кога ќе завршите со чистењето на патиките, ставете ги врвките во остатокот од пастата и оставете да отстои околу 45 минути.
После тоа, ставете ги врвките во деликатна кеса и измијте ги во машина за да го вратите нивниот оригинален изглед. Исушете ги патиките целосно на сонце или во добро проветрена просторија, бидејќи сушењето во машина за сушење може да ги уништи.