Едноставно, но толку КРЕМАСТО задоволство – Со ЕДНО јаболко и пудинг ВАНИЛА направете ја највкусната пита (ВИДЕО)

Нема Македонец кој не сака сочна пита со јаболка. Тотално кремасто задоволство со необичен додаток.
Неопходно е:

  • тенки кори
  • 1 поголемо јаболко
  • масло
  • 2-3 лажици шеќер
  • 300 мл млеко
  • 2 јајца
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 ванилин шеќер

Подготовка:

Подмачкајте го садот со масло. Секоја кора премачкајте ја со масло и соберете ги како хармоника, па наредете ги една до друга во плех. Помеѓу редовите ставете тенки парчиња јаболка. Ставете ја во рерна 15 минути да заруменат малку. Во тенџере изматете 2 јајца, додадете млеко, пудингот, шеќерот, ванилиниот шеќер и убаво измешајте. Истурете ги печените кори и вратете ги во рерна на 200 степени C уште 20 минути.