По 5 години мајката се разбуди од кома: Конечно можеше да го бодри синот на натпреварот (ВИДЕО)

Во 2017 година, Џенифер (41) беше тешко повредена во несреќа кога нејзиниот автомобил изгуби контрола и удри во столб

Ѕвездата на фудбалскиот натпревар во средно училиште во Нилс, Мичиген, не беше еден од играчите, туку мајка на три деца која се разбуди од петгодишна кома .

Џенифер Флевелен повторно ја воодушеви заедницата на крајот на октомври кога го бодреше својот син (18) на натпревар, само 15 месеци откако се разбуди од кома.

– Никој не очекуваше дека ќе се разбуди. Цело време ни велеа дека има аноксија и дека поради оштетувањето на мозокот тоа не може да се случи, но… никогаш не кажувај никогаш – изјавила нејзината мајка Пеги Менс. 

Во 2017 година Џенифер (41) беше тешко повредена во сообраќајна несреќа кога нејзиниот автомобил изгуби контрола и удри во столб.

Таа помина четири години и 11 месеци во кома.

Нејзиното враќање на трибините, за да го бодри синот, беше одамна задоцнето. Сите се сеќаваат колку гласно навиваше.

Џенифер се опоравува дома со семејството

– Сите знаеја дека Џен е многу гласна. Децата би ѝ кажале дека не го слушаат тренерот од неа – изјавила Пеги.

Настанот беше комплетиран со победата на локалниот тим во кој нејзиниот син Џулијан имаше неколку забележителни потези.

Џенифер е дома од јули, а нејзината мајка Пеги се пензионираше за да и помага секој ден.

Инаку, Џенифер кога се разбудила дознала дека има и внука.

По неколку години неизвесност, семејството Флевелен верува во посветла иднина.