Ужас на Филипините: За време на католичката миса експлодирала бомба, четири лица загинале!

Во експлозија на бомба за време на католичка миса во образовна институција во градот Марави на југот на Филипините, четири лица загинаа, а неколку луѓе се ранети Филипинските власти денеска ја подигнаа состојбата на готовност на безбедносните служби на највисоко ниво.

-Најостро го осудувам бесмисленото грозоморно злосторство извршено од странски терористи. Екстремистите кои вршат насилство врз невините секогаш ќе ги сметаме за непријатели на нашето општество – изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, пренесува Ројтерс.

Експлозијата во градот, кој беше контролиран од милитантите на Исламската држава пет месеци во 2017 година , се случи по убиството на 11 екстремисти во петокот, во воена операција во провинцијата Магуинданао дел Сур, на околу 200 километри од Марави.

Повикувајќи на смиреност, Маркос објави на платформата X (Твитер) дека им наредил на полицијата и војската да „обезбедат заштита и безбедност на цивилите и ранливите заедници“.

– Бидете сигурни дека сторителите на овој безмилосен чин ќе ги изведеме пред лицето на правдата – изјави генералот на филипинската армија Габриел Вирај Трети, оценувајќи дека станува збор за „терористички чин“.