Едно лице загина, а пет се повредени во експлозија на бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица

 Во експлозија на бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица денеска загина М.Б. (40) од Подгорица, а пет лица се повредени, соопшти Срѓан Кориќ од градската Полициска управа.

Кориќ кажа дека експлозијата се случила во 11 часот и 45 минути, а според првите информации од полицијата едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот .

Подгоричкиот сајт РТЦГ наведува претпоставка дека станува збор за самоубиство.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.

На терен се екипите на Брза помош, полицијата и противпожарната единица.

Екипи на Полициската управа и надлежни служби се на терен за увид и обезбедување на местото на настанот“, соопштија од полицијата.