Европската централна банка (ЕЦБ) ги објави резултатите од анкетата за првиот квартал од 2023 година кои покажуваат дека инфлациските очекувања во еврозоната изнесуваат 5,9 отсто и 2,7 отсто за 2023 и 2024 година.
Економистите кои учествуваа во анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ги зголемија проценките за инфлацијата за еврозоната за оваа година.
ЕЦБ објави резултати од анкетата за првиот квартал за 2023 година кои покажуваат дека инфлациските очекувања во еврозоната изнесуваат 5,9 отсто и 2,7 отсто за 2023 и 2024 година.
Во споредба со минатогодишните резултати од анкетата од последниот квартал, прогнозата на инфлацијата за првиот квартал оваа година е поголема за 0,1 отсто, а за наредната 0,3 отсто.
Проекцијата на растот на Бруто домашниот производ (БДП) за еврозоната изнесуваат 0,2 отсто за 2023 година, 1,4 отсто за 2024 година и 1,7 отсто за 2025 година.
Проекциите за просечните стапки на невработеност за 2023 година и 2024 година се седум отсто, односно 6,9 отсто.
Според податоците на Евростат, годишната инфлација во еврозоната во декември изнесуваше 9,2 отсто, а во јануари падна на 8,5 отсто.
TRT Balkan / агенции