Експлозии во Дамаск, оштетени складишта за ракети

Рано утринава се слушнале експлозии во близина на сирискиот главен град Дамаск, јавија државните медиуми, додавајќи дека причината не е позната.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека експлозиите влијаеле и оштетиле складишта за ракети кои припаѓаат на групи поврзани со Иран. Организацијата која ја следи војната во Сирија додаде дека нема потврда за загинати или повредени и дека причината за експлозиите не е позната.

Иран е главен поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад во 12-годишниот конфликт во земјата. Групите поддржани од Иран, вклучувајќи ја либанската група Хезболах и проиранските ирачки групи, ја имаат власта во големи области во источна, јужна и северна Сирија, како и во предградијата околу главниот град. Израел со години изведува напади врз цели за кои вели дека се поврзани со Иран, но ретко ги коментираше деталите за нападите веднаш потоа