ЕКСПЛОЗИИ И ПУКАЊЕ ВО АНКАРА: Бомбаш се разнесе во близина на турскиот парламент пред доаѓањето на Ердоган, има загинати (ФОТО, ВИДЕО)

Во турската престолнина Анкара утрово одекна експлозија пред зградата на Министерството за внатрешни работи и се слушнаа пукотници, јавува Ал Џезира.

Турција, Анкара

Се вели дека Али Јерликаја, турскиот министер за полиција, објавил дека двајца напаѓачи се одговорни за детонацијата пред седиштето на министерството.

Тој рече дека еден од напаѓачите се разнел, а другиот е „неутрализиран“.

Турција, Анкара

– При бомбашкиот напад двајца полицајци се полесно повредени – изјави Јерликаја.

На снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види дека поради овој напад околу Анкара се распоредени безбедносни сили.

Се вели дека тоа се случило околу девет часот по локално време.

Експлозијата одекна во близина на турскиот парламент, кој по летниот распуст попладнево повторно заседава со присуство на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, како и зградата на министерствата.