Експлозија во фабрика во Индија, загинаа најмалку девет работници

Најмалку девет работници загинаа, а неколку се повредени утринава во експлозија во фабрика за експлозиви во Нагпур, централна држава Махараштра, изјави локален полицаец за Ројтерс.

Експлозијата се случила рано утрото во фабрика со која управува Солар Индустрис Индија, изјави полицаецот Салве. Фабриката произведува индустриски и воени експлозиви, погони и боеви глави за индискиот одбранбен сектор, според нивната веб-страница.

Бројот на повредени може да биде поголем. Полицијата ги истражува причините за експлозијата што се случила во одделот за пакување. Солар Индустрис Индија во изјава за берзата потврди дека девет работници загинале.