Инфлуенсерката Ела Дворник вчера прошета на црвениот тепих на настан во Загреб, а нејзината модна комбинација привлече внимание.
Имено, Ела присуствуваше на 10th Story Hall of Fame во Загреб, каде на црвениот тепих на Mozaik Event Center носеше долг бел свилен фустан. Таа покри половина од лицето со дел од фустанот.
Сепак, уште еден детал привлече внимание. Фустанот кој го носеше го истакна нејзиниот заден дел, поради што се сомнева дека инфлуенсерката на овој настан дошла без долна облека.
Таа ги сподели и овие фотографии со своите следбеници на Инстаграм, каде што го означи Крие – моден бренд од Загреб, кој беше одговорен за нејзината облека синоќа. Таа подоцна изјави дека темата на настанот е футуризмот.
Со ова издание таа предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, бидејќи многумина потсети на своето минатогодишно издание.
„А сега каде ги сокри гаќите“, „Оваа година ни гаќи, ни градник“, „Како повторно ги сокри гаќите? Минатата година ни ја откри тајната“, „Деколте на погрешна страна“, „Се снајде да ја надмине минатата година“, „Гаќи не се ни потребни кога фустанот е до подот“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.
Потсетуваме, Ела Дворник минатата година предизвика бројни реакции на црвениот тепих на „Story Hall of Fame“, кога се појави во фустан со длабок шлиц, поради што се посомневаа дека не носи долна облека. Подоцна на својот Инстаграм профил открила како го сокрила вешот.