Електронско уверение за доход: Брзо, лесно и без чекање пред шалтери

Управата за јавни приходи (УЈП) воведе нова услуга – е-Уверение за остварен доход, достапно по електронски пат. Документот, потребен за стипендии, вработување, социјална помош или кредити, сега се добива за само неколку минути. Ова е првата целосно дигитализирана услуга на УЈП.

е-Уверение за оставарен доход: Достапност за сите граѓани
Услугата е отворена за сите граѓани на Македонија. Исто така, ја користат и странци со времен или постојан престој. Услов е да бидат регистрирани на системот „е-Даночни услуги“. е-Уверението важи за минати и тековни периоди. Граѓаните можат да го добијат кога им е потребно.

е-Уверението се издава преку платформата „е-Даночни услуги“. Процесот трае до 5 минути. Нема потреба од чекање пред шалтер. Услугата е достапна 24/7. Документот е сигурен, со електронски жиг и QR-код за проверка. Ова гарантира доверливост.

Придобивки од дигитализацијата
Оваа услуга го крати времето за административни процедури. Ги намалува и трошоците за граѓаните. Според УЈП, вработените можат да заштедат 62.000 работни часови годишно. Физичкото присуство во УЈП повеќе не е потребно.

За повеќето случаи, е-Уверението е бесплатно. Во одредени ситуации се плаќа такса од 100 денари. Услугата е едноставна и практична. Граѓаните добиваат брз пристап до потребните документи.