ЕМАНУЕЛ МАКРОН ДОНЕСЕ ОДЛУКА – Претседателот на Франција реши да го протурка контраверзниот закон за пензиите и покрај протестите: “Земјата е пред хаос…“
Претседателот на Франција Емануел Макрон донесе речиси неочекувана одлука – реши без глас да го протурка контроверзниот закон за пензиите, за кој со месеци протестираат граѓаните на Франција, бидејќи очигледно ја нема поддршката од парламентот за негово усвојување, дознаваат француските медиуми од добро упатени извори.
Аналитичарите очекуваат потегот да предизвика дополнителен хаос во Франција по неколкунеделните протести и штрајкови кои го нарушија јавниот транспорт.
Инаку, денеска Горниот дом на францускиот Парламент го одобри законот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Меѓутоа, во Националното собрание, долниот и помоќен дом, партијата на Макрон и нејзините сојузници имаат само мало мнозинство и не беше јасно до самиот крај дали имаат доволно гласови.
Клучната промена што ја предвидува текстот на реформата е поместување на границата за пензионирање од 62 на 64 години од 2030 година. Во повеќето европски земји оваа граница е веќе поместена, но Французите сметаат дека реформата ги погодува најранливите категории.