Емина ги изнесе сите проблеми кои ги имала со Мустафа: ,,Направи некои работи кои некако не му одговараат на некој кој е татко на моите деца!” (ФОТО)

Популарната пејачка Емина Јаховиќ пред неколку години се разведе од сопругот Мустафа Сандал со кој ги добија синовите Јаман и Јавуз, а сега откри дека судскиот процес сè уште не е завршен, а откри шокантни детали за таткото на нејзините деца.

Емина го тужеше Мустафа за неисплатена алиментација, на што тој одговори со противтужба.

Освен тоа, популарниот пар се судaт и за поделба на имотот, а агонијата трае повеќе од една година.

-Првпат бев на суд кога се разведов… Се уште сум на суд со бившиот сопруг, бидејќи тој правеше некои работи кои некако не му одговараа на некој кој е татко на моите деца. И сакав да не ја изгуби таквата одговорност, која ја вети на денот кога се разведовме – изјави неодамна Емина Јаховиќ.

Во меѓувреме Мустафа повторно се ожени, а Емина вели дека тоа е негово право и избор.

-Само сакам да се уверам дека изборот што јас ќе го направам е вистинскиот и да не се случи една година вака, а другата така, се грижам и за тоа, бидејќи не сакам луѓе да влегуваат во животот на моите деца секоја година или на секои шест месеци – заклучи пејачката.