Емир Костурица итно е примен во болница и чека да го оперираат! Познатиот режисер проговори од кревет: Вриштев од болка!
Познатиот српски режисер Емир Кустурица е хоспитализиран на Институтот за ортопедија во Бањица бидејќи на Мокра Гора ја скршил ногата. Како што изјави за Спутник, се чувствува добро и го чека операција.
„После авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и сè што ми се случило во животот, нема ништо пологично да не се случи несреќа. Иронијата е тоа што паднав на последната скала од приодот кон кафеаната „Креклата авлија“ на Мокра Гора – се лизнав, паднав и десниот зглоб се сврти за 180 степени. Вриштев од болка“, изјави познатиот режисер.
Тој додаде дека во моментов нема никакви болки и дека очекува по денешната операција полека да се врати во нормален живот.