ЕМОТИВНА ФОТОГРАФИЈА – Среќни моменти во семејството Џеко: Малата Уна не се дели од сестра и Хана

Амра Џеко на својот Инстаграм профил сподели трогателна фотографија од ќерките Уна и Хана.

„Има многу причини зошто таа не треба да оди на училиште… Само за да биде со своето бебе“, напишала Амра на фотографијата. Таа ја роди Хана минатата недела во Милано.

Најдобриот фудбалер на БиХ Един Џеко ја посетил сопругата во болница неколку часа по породувањето заедно со остатокот од семејството и на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија.

Амра и Един се во брак седум години и имаат уште три деца: Уна, Даниј и Далија. Од првиот брак ја има ќерката Софија Вичентијевиќ. Таа отсекогаш нагласувала дека нејзиниот семеен живот е на прво место.

„Сакам да го имам сето тоа, сакам да го правам сето тоа, но мајчинството за мене е мојата крајна цел“, напиша таа претходно.