ЕМОТИВНИ СНИМКИ – Млад фудбалер по 94 часа извлечен од под урнатините, ги јадел цвеќињата на мајка си за да преживее

Младиот фудбалер на Газиантеп, Аднан Мухамет Коркут, по 94 часа потрага е пронајден жив под урнатините, а цвеќето на мајка му помогна некако да го издржи гладот.

Како што призна во изјава за локалните медиуми, преживеал јадејќи ги цвеќињата што мајка му ги одгледувала во станот на петкатницата што се урна во Газиантеп.

Бев меѓу урнатините во дневната соба. Беше студено, па се покрив со ќебе да се загреам. Нозете ми се смрзнаа“, изјави тој за турски „Хуриет“, додавајќи:
„Не знаев каде ми е телефонот и го најдов кога се вклучи алармот. Потоа го поставив алармот да ѕвони на секои 25 минути за да не заспијам. Очајнички чекав спасувачи, а потоа одеднаш слушнавме гласови однадвор. Имаме мало куче, па го слушнав неговото лаење. Неговото лаење стигна до спасувачот, но не и мојот глас, тие не ме слушнаа“, објаснува Аднан, кој морал да јаде цвеќе за да го намали гладот.

„Стомакот ми беше празен. Ги јадев цвеќињата на мајка ми за да ми го наполнат стомакот. Бев многу жеден. Последен пат се обидов викам… Потоа зедов стап и удирав на таванот, стапот се скрши … Не можев да зборувам, но фала му на Бога, тогаш видов светлина од дупка во далечината и луѓе кои ме викаа. Ме прашаа дали можам да стигнам до тој излез, но тоа беше невозможно. Потоа чекавме пет часа за да го расчистат патот и ползев отидов кај нив“, рече тој.