Емотивни снимки од трагедијата во Венеција: Телата на жртвите распоредени на земја, свештеникот се моли за нивните души (ВИДЕО)
Засега се идентификувани осум од 21 повредени патници во автобусот кој излетал од надвозникот кај Венеција.
Меѓу жртвите во страотната сообраќајна несреќа има пет државјани на Украина и еден германски државјанин, а идентификуван е и возачот на автобусот Алберто Рикото (44) од Тревизо.
Хрватските медиуми неофицијално јавуваат дека меѓу жртвите има и трудница од Сплит. Шест повредени, меѓу кои и деца, се во тешка состојба.
Според агенцијата АНСА, идентификацијата на жртвите е тежок процес со оглед на тоа што многу тела изгореле до непрепознатливост и затоа што многу туристи немале документи со себе.
– Дојдоа многу роднини, но тешко е со сигурност да се дадат имиња. Поради оваа причина и’ дадов задача на судската медицина да користи ДНК анализа за идентификација. Се надеваме дека до утре ќе ги идентификуваме сите жртви. Сакаме што поскоро да им ги вратиме телата на роднините – изјави венецијанскиот обвинител Бруно Черчи.
Јавното обвинителство го отвори случајот врз основа на хипотезата за повеќекратни сообраќајки на пат. На видеото се гледа дека автобусот се лизгал од десната страна покрај оградата цели 50 метри пред да падне од надвозникот на пругата.
Черчи потврди дека нема траги на кочење и претходен контакт со други возила.
– Немаше пожар или истекување на гас од литиумските батерии. Во моментов нема осомничени. Обвинителството ја набавило и црната кутија од возилото на кое ќе се вештачи – истакна Черчи.
Да потсетиме, трагедијата се случила нешто по 19:30 часот во вторникотот, кога автобусот со туристи слетал од надвозникот на железничката пруга, по што се запалил и целосно изгорел.
Жртвите биле извлечени од урнатините до 5 часот наутро.
На социјалните мрежи се појави шокантна снимка на која се гледа како венецијанскиот бискуп Франческо Моралија ги благословува телата на децата и возрасните кои биле поставени рамо до рамо на местото на несреќата.
– Спасувањето беше комплицирано – велат пожарникарите и додаваат дека жртвите се претежно млади, а има само неколку постари.
Компанијата која го изнајмила автобусот на локална туристичка компанија тврди дека автобусот бил нов и во функција. Велат дека возачот седнал зад воланот 90 минути пред трагедијата, што може да ја исклучи теоријата дека заспал додека возел.