Повеќе од 400 луѓе починаа, а повеќе од 10.000 се заразени во епидемија на колера во Замбија, што ги натера властите да одлучат училиштата ширум земјата да останат затворени по крајот на учебната година.
Владата на Замбија, исто така, започна програма за масовна вакцинација и се обидува да обезбеди околу 2,4 милиони литри чиста вода дневно, пренесува AP News.
Голем фудбалски стадион во главниот град Лусака е претворен во медицински центар, а Националната агенција за управување со катастрофи раководи со медицинските операции.
Избувнувањето во Замбија започна во октомври и 412 лица починаа, а пријавени се 10.413 случаи, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, владиното тело кое се справува со здравствени итни случаи, додека Министерството за здравство на Замбија соопшти дека колерата е откриени во речиси половина од областите и девет од 10 провинции.
„Оваа епидемија е закана за здравствената безбедност на нацијата“, посочи министерката за здравство Силвија Масебо, истакнувајќи дека тоа е проблем низ целата земја.
Колерата е акутна дијареална инфекција предизвикана од бактерии која обично се шири преку контаминирана храна или вода и е силно поврзана со сиромаштија и несоодветен пристап до чиста вода.