Технолошката компанија „Епл“ ги отфрла тврдењата на руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека соработува со американското разузнавање и ги следи руските корисници на Ајфон, јави синоќа компанијата.
-Ние никогаш не сме соработувале и нема да соработуваме со кои и да било власти за вметнување бекдор (ранливост што дозволува добивање несанкциониран пристап до апаратот) на каков и да било производ на Епл, се вели во изјавата на компанијата.
ФСБ вчера излезе со тврдење дека „Епл“ тесно соработува со разузнавањето на САД, вклучително и со Агенцијата за национана безбедност (НСА), и дека во Ајфонот била откриена „аномалија“ која органот ја поврзува со „разузнавачки акции на американските специјални служби“ за да ги шпионира Русите