Ердоган изрази сочувство на Шариф во врска со загинувањето на пакистанските граѓани

 – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака со сочувство до пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф поради смртта на пакистанските граѓани при неодамнешното потонување на брод во близина на Грција.

Ердоган за време на телефонскиот разговор му пренел пораки со сочувство на Шариф во врска со неодамнешното потонување на брод со мигранти што тргнал од Либија, во кој меѓу загинатите има и пакистански државјани, соопшти Канцеларијата за комуникации на турското Претседателство.

Ердоган истакна дека ја споделуваат болката на пакистанскиот народ и се солидаризираат во овие тешки моменти.

Најмалку 78 мигранти загинаа при превртувањето на брод кај југозападна Грција во средата.