Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција вложува интензивни напори во испораката на хуманитарна помош во Газа.
Ердоган телефонски разговарал со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
Двајцата разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестина, за растечката тензија во регионот и за чекорите што треба да се преземат за решение, се наведува во соопштението на Канцеларијата за комуникации на турското претседателство.
Ердоган истакна дека што поскоро завршување на конфликтот е важно за регионалниот и светскиот мир, дека Турција вложува интензивни напори во доставувањето хуманитарна помош во Газа.
Тој додаде дека треба да се избегнуваат чекори кои ја зголемуваат тензијата и дека позитивните чекори преземени од двете страни за прашањето на Израел и Палестина може да доведат до трајно решение.
ТРТ БАЛКАН