Ердоган кажа кое е единственото решение за крвопролевањето во Израел: Разговарал со Шолц, ги ставил картите на маса – сака да спречи ширење на хаосот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц при што изјави дека единствен начин за решавање на кризата во Газа е признавање на независноста на Палестина.
„Претседателот Ердоган истакна дека Турција ги вложува неопходните напори за што поскоро завршување на кризата и е подготвена да преземе различни мирни чекори, вклучително и да стане посредник во нејзиното решавање. Нашиот претседател рече дека основата за решавање на проблемот е исполнувањето на ветувања дадени на Палестина и на раководството на меѓународната заедница за создавање независна, суверена држава Палестина во границите од 1967 година со главен град во источен Ерусалим“, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот лидер.
Претходно, Ердоган, како дел од напорите за деескалација на конфликтот во Газа, имаше телефонски разговори со лидерите на 10 земји, меѓу кои и со рускиот Владимир Путин, како и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ситуацијата на Блискиот Исток одеднаш се влоши по вооружената инфилтрација на милитантите на Хамас од Појасот Газа на израелска територија.
Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата ,,Железни мечеви” против Хамас во Појасот Газа. Неколку дена по нападот, израелската армија ја презеде контролата врз сите населени места во близина на границата со Газа и почна да изведува воздушни напади врз цели во Појасот Газа.
Израел најави и целосна блокада на Појасот Газа: прекинато е снабдувањето со вода, храна, струја, лекови и гориво.