Ердоган побара од Путин да се согласи со продолжување на договорот за жито

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи договорот за жито, пишува весникот „Хуриет“, повикувајќи се на извори од кабинетот на Ердоган.

Весникот наведува дека за ова прашање ќе се разговара во наредните денови со присуство на претставници на ОН.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави за новинарите дека делот од договорот, кој се однесува на Русија, не се спроведува и дека, според тоа, неговите изгледи „не се многу добри“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на почетокот на неделата му даде писмо на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за рускиот претседател, во кое ги изнесува идеите за спроведување на договорот за жито.

Слични писма добија Украина и Турција, потсетува ТАСС.