Ердоган пристигнува во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот на лидерите на COP28 за климатски промени.

„Во јануари очекувам голема и важна посета на претседателот Ердоган на Србија“, напиша тој на својот Инстаграм профил.

„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на Самитот на лидерите за климатски промени COP28.

Да потсетиме, Вучиќ присуствува на самитот COP28, каде ќе има низа билатерални средби со бројни високи функционери .